Поради големиот број на апликации се затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, соопштуваат од Министерството.

Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година.

Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.