Популарните песни од соседството полни со насилство врз жени: Видео кое ја згрозува јавноста

Насилството врз жените е тема која е секогаш присутна. Ако не се решава во корен, од првото пријавување, доаѓа до огромни трагедии - насилникот ја убива жената, или пак таа го убива за да се ослободи, нешто на кое и самите бевме сведоци. 

Кога е насилството во прашање, тоа не се манифестира само со физички напади, рани, модринки и крв. Многу жртви се под постојан психолошки притисок, насилно се направени зависни, не им е дозволено да имаат свои пари, ниту пак да одлучуваат за својот живот. 

Но, што кога поп-културата го презентира тоа како нешто што е нормално?

„Секое физичко насилство е проследено и со психичко, кога жената се убедува дека заслужила, испровоцирала... Насилникот работи на тоа таа да стане зависна од него и нејзината самодоверба да биде уништена“, се вели на почетокот на видеото, кое е компилација од стихови во кои се нормализира насилство, а кои се претежно дел од српската естрада. 

На видеото ќе најдете стихови од Наташа Беквалац, Цеца, Сека Алексиќ, песни кои ги препознавате и кои се вистински хитови. Видеото е изработено како дел од дипломска работа на ФДУ во Белград. 

Секако, голем дел од нив имаат и симболично значење, некои од изведувачите дури и се подбиваат со насилството како појава. Но, на насилникот и толку му е доволно за да помисли и да „врзе во крпче“ дека некоја популарна фаца го одобрува она што се случува во неговиот ум и да го толкува како одобрување да биде насилен. 

Погледнете за што се работи: