Погребот на Кико ќе се одржи во сабота во Штип

Кристијан Коцев-Кико ја загуби битката за својот живот. Погребот на малиот борец ќе се одржи во сабота од 1.30 часот на градските гробишта во Штип.

Момчето, кое ја крена македонската јавност на нозе и собираше донации за негово лекување, боледуваше од Атаксија и не издржа да замине во Турција на лекување.

Поради влошената здравствена состојба, не можеше да биде транспортиран со медицински авион во Истанбул, а последно беше лекуван во приватна болница во Скопје.