Поголема излезност за 10% на денешните избори, за разлика од минатите избори

Излезноста на гласањето во првиот круг на претседателските избори до 13 часот е 26,35 проценти, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски повикувајќи се на обработените податоци. 

- Вкупен број на избирачи кои гласале во избирачките места од каде се пристигнати податоци до ДИК е 229 илјади и 803 гласачи. Тоа е за 10 проценти повеќе отколку на минатите избори. Според податоците за излезност пристигнати досега, најголема излезност има во Новаци (42,87 проценти), а најмала е излезноста во Врапчиште (10,18 проценти), рече Даштевски.

Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места, информираа од Државната изборна комисија.