Подгответе сe! Утре обилен дожд и ветер со брзина од 60 километри на час

Од УХМР известуваат дека утре ќе има локални врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во петок врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2).

- Утре ќе дува засилен, а во петок повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, известуваат прогнозерите. 

За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.