Почнува 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ - Скопје

Во Музејот на современа уметност во Скопје денеска ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов  „Будења“ („Awakenings“).

 -Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и општествени промени, посочуваат од МСУ - Скопје.

 Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле Гандини (Италија), Елена Гелева (Северна Македонија), Ринор Даути (Косово), Надица Дојкоска (Северна Македонија), Серхат Емрулаи (Р.С.Македонија), Клелија Живковиќ  (Северна Македонија), Ана Јовановска (Северна Македонија), Јован Јосифовски (Северна Македонија), Аријана Кадиќ (Црна Гора), Јулија Кастелучи (Северна Македонија), Лумтурие Крашники (Косово), Наџа Крачуновиќ (Србија), Герта Ксаферај (Албанија), Милан Кујунџиќ (Србија), Ана Лехбаумер (Австрија), Ана Ликар (Словенија), Јулија Манојловска (Северна Македонија), Симона Манчева (Северна Македонија), Николо Масини (Италија), Фатима Моалим (Шведска), Малина Монча (Романија), Сара Мускалу (Романија), Јана Николовска (Северна Македонија), Жозефин Остлунд (Шведска), Чади Реда (Швајцарија), Ананда Серне (Норвешка), Ива Станковска (Северна Македонија), Сара Танасковиќ (Србија), Игор Таневски (Северна Македонија), Славица Танеска (Северна Македонија), Мануел Този (Австрија), Ана Трајковска (Северна Македонија), Јируи Фанг (Италија) и Риџет Ферати (Северна Македонија).