Почината жена пронајдена во гевгелиско

На местото „Змиите“ во атар на гевгелиското село Петрово завчера била пронајдена почината мигрантка.

Според соопштението од СВР Струмица, настанот бил пријавен завчера во 9 часот во Полициската станица во Гевгелија, а лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија ја констатирал смртта кај мигрантката.

Бил извршен увид на местото од полицијата, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.