Почина Мирко Попов, беше хоспитализиран на скопските клиники

Попладневно на скопските клиника почина легендата на македонската електронска музика, музичар, продуцент, диџеј, музички промотер и уметник, Мирко Попов.

Попов неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија. За жал, обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни.

Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.

Пријателите и познаниците на социјалните мрежи споделуваат објави со последен поздрав за еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика.