Почина малолетничка во Скопје: Се возеле на трицикл, по што изгубиле контрола и паднале

Малолетничка вчера почина по сообраќајна незгода со трицикл на ул. „Александар Урдаревски“.

- На 22.06.2023 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка, информира МВР.

Како што соопшти МВР, по несреќата двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.