Новороденче останало без дел од прст – акушерка на ГАК суспендирана

Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство, откако акушерка ненамерно му нанела повреда, а за немилиот настан добила суспензија.

Од ГАК ја потврдуваат информацијата која се појави во некои од медиумите.

– На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, информираат од ГАК за Телма. 

Оттаму додаваат дека акушерката била суспендирана. Како што информираат од Клиниката, таа била дадена на Дисциплинска комисија.

– Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, информираат од ГАК.