По повод Европската недела на мобилност, Општина Гази Баба ја одржа работилницата - „Поправи го својот велосипед"

Денеска во Општина Гази Баба се оджа интерактивна работилница „Поправи го својот велосипед“, а истата беше спроведена во три основни училишта, Григор Прличев, Стив Наумов и Наум Охридски. Целта на овој настан беше наменета за учениците да можат практично да увидат и да ги стекнат основните вештини и техники за поправање и одржување на сопствениот велосипед.

- Возењето велосипед е добро и за нашите деца и за нашата животна средина! Затоа, преку оваа едукативна работилница се надеваме да придонесеме што повеќе деца да користат велосипеди на територијата на Гази Баба, стои во Фејсбук објавата на Општина Гази Баба.