Пет слободни дена за вработените од погодените подрачја

Државните институции ќе ги ослободат жителите од кризните подрачја пет работни дена.

Министерството за труд и социјална политика согласно задолжението на Владата на Република Македонија од седницата одржана на ден 7.8.2016 година, препорачува приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа вработените во времетраење од пет дена, а кои живеат во подрачјата погодени од поплавите  и се вработени во нивните компании  (фирми).