Скопјани знаат ли сопругите дека сте слободни на Фејсбук?

Дека социјалните мрежи понекогаш знаат да се злоупотребуваат и лошо да делуваат на денешницата, покажуваат многу примери.

Податоците покажуваат дека многу љубовни врски почнуваат од социјалните мрежи, но и дека истите се причина за многу растурени врски, па дури и бракови.

Скпјани, знаат ли вашите сопруги дека сте слободни на Фејсбук?

“Зошто една ваква убава девојка седи дома, во сабота навечер”...

-Јас им се чудам на денешниве мажи. Дали знаете дека не поминува ден, а да не добијам порака од некој “слободен ” маж. –Јас сум слободен, ти си слободна, можеме да се дружиме да ни биде убаво... А на Фејсбук слики со деца и со сопругата. –Ајде да си направиме да ни биде убаво, сопругата ми е на деловно патување, имам викендица на страна... До каде оди денешницава. И кога некој ќе дојде и ќе ме праша зошто се уште не сум мажена, а имам 36 години. Па како... Околу себе имам еден милион примери. Имам свои другарки, пријателки, на 80 отсто од нив бракот им е пропаднат. И не, не велам дека се виновни само мажите. Ги набљудувам и жените. Го нема повеќе она од минатото. Верноста и искреноста, одамна станаа луксуз. Ретко каде можеш да ја најдеш, раскажува една скопјанка.

Брак, па брз развод. За македонците наједноставно решавање на брачните проблеми е разводот. Според статистика секој ден крај на бракот ставаат 7 двојки.

Според дел од психолозите разводот  се зголемуваат затоа тоа повеќе не е срамна ниту понижувачка одлука, туку победа на егото. Жените се се порамноправни, добро заработуваат а машкоста повеќе не е особина која се бара во бракот, туку тоа се секојдневните обврски, како менување пелени, чистење , правење ручек.

Според психолозите брачните советувања помагаат да се надминат проблемите,  но тука проблем има кај споружниците, како да се натераат да одат терапија. Статистика објави дека се намалува и бројот на новороденчиња.