Пендаровски со поддршка за младите лекари и приватни специјализанти

Претседателот Стево Пендаровски со поддршка за младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати.

„Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило. Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината. Обезбедувањето на фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја. Младите лекари и приватни специјализанти мора да го добијат она што го заслужуваат“ соопшти кабинетот на Пендаровски.