Пендаровски го осуди терористичкиот напад во Москва и изрази сочувство до сите кои ги загубија најблиските

Актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски го осуди синоќешниот терористички напад во Москва, во кој според последните информации, животот го загубија околу 100 луѓе.

- Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените, вели Пендаровски.