Партерно уредување на двoрот на манастирот „Св. Пророк Еремијa“ во Пинтија

Во изминатите денови интензивно се работи на поплочување со павер елементи на целиот двор на вкупна површина од 510 квадратни метри, информира градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Се поставуваат нови клупи и друга урбана опрема, се уредува и просторот на амфитеатарот. Градежните активности финализираат деновиве, во пресрет на патрониот празник Св. Еремија кој се прославува на 13 и 14 мај и локалното население го одбележува со бројни активности, културни манифестации, и обичаи врзани со чествувањето на овој светец.

-Со својата одлична локација, како одредиште кое се користи и за изноѓање на духовен мир и спокој, оваа црква е често посетена од страна на многу граѓани и во останатите денови од годината, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.