Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар по повод 11 Октомври

Во недела, по повод празникот 11 Октомври, со почеток во 11:00 часот, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот култрурен центар ќе одржи парадно дефиле со познатите таканаречени „Чекорници“.

Градскиот дувачки оркестар ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до Плоштадот Македонија.

На ова пред празнично музичко дефиле, ќе биде изведена следната програма:

- Младинска чекорница

- Вардаре македонски

- Патриотска чекорница

- Дикси парада

- Вашингтон пост марш

- 3-та македонска бригада

- Огномет на слободата

- Во спомен на Ваташа

- Работнички

- За сите деца

Овој концерт е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.