Османи: Мора да се најде поинаков пристап со овозможување со мнозинство гласови ЕК да одлучи за отварањето на поглавјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи е во Анталија каде учествува на дипломатскиот форум, во организација на Република Турција. Тој притоа имаше свое обраќање на панелот „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија за гарантирана стабилност и мир во регионот.

Како што соопштуваат од МНР тој се осврнал на состојбите во регионот каде посочи дека овој дел на Балканот е ранлив со сложени прашања и дека креираните фрустрации во регионот многу лесно се канализираат и се употребуваат од трети актери, а тие фрустрации не се фиктивни туку многу реални и базирани на долгото чекање да се овозможи најонсовното право за реформи и прогрес кој би следел со отварање на поглавјата за земјите од Западен Балкан.

“ Време е за брза и одлучна акција. Тоа што очекува Балканот е преземање на храбри чекори и зацртување на јасен пат за идното проширување и среднорочна визија за нашиот регион за постигнување на крајната цел – полноправно членство на земјите од Западен Балкан во Унијата, рекол Османи, додавајќи дека мора да се најде поинаков пристап со овозможување со мнозинство гласови ЕК да одлучи за отварањето на поглавјата со што ќе се поттикне реформскиот процес за земјите кои пристапуваат кон ЕУ а унанимното гласање да се употребува за затворање на поглавјата“ кажал Османи

Ова трето издание на Анталија дипломатскиот форум. Оваа година се оддржува на тема „Водечката улога на дипломатијата во турбулентни времиња“. Учесници се високи функционери, политички лидери, академци, претставници на медиумите, бизнис заедницата и креатори на јавното мислење од целиот свет кои ја користат оваа платформа како одлична можност за дискусија и пренесување на нивните ставови.