Османи: Грција не прифаќа прекршување на меѓународниот договор, МВР треба да се реорганизра

Грција нема да прифати било какво прекршување на меѓународниот договор и треба да се концетрираме на реорганизација на МВР и да го забрзаме процесот на издавање пасоши вели Бујар Османи во интервју за ТВ Сител.

“ МВР не треба да се занимава со прашања коишто не се во нивна надлежност.  Ние мора да сме во координација  и со втората страна, при донесување на какво било решение и одлука. Членот 118 од Уставот вели не можат меѓународните договори коишто се дел од внатрешниот правен поредок да се сменат со закон, рече Османи. 

Османи додава дека до сега нота е добиена само од Швајцарија за патување во тааа држава.

“ Јас веднаш излегов преку нашата Амбасада да ги информирам граѓаните дека Швајцарија не бара. Другите држави во практика тоа го прават, но немаат донесено одлука. Значи, дале некоја внатрешна инструкција очигледно бидејќи не бараат ни патни листови на граѓаните, меѓутоа немаат донесено одлука. И јас не можам да излезам на граѓаните да им кажам кога патувате со кола низ Германија, Унгарија, Србија, не земајте патен лист, бидејќи немам таков документ. Имав најава од Црна Гора, еве ќе кажам дека нема да ги прифати, па сега работиме со Црна Гора за да видиме зошто е таквиот став.  Сметам дека не треба да бараме сега во моментот алиби. Треба да седнеме и да се реорганизираме да можеме да издадеме пасоши. Тоа е пораката до МВР,  наместо да дефокусира“, рече Османи.