Ослободете се од реума на природен начин

Реумата е доста често заболување, а со текот на годините, старосната граница на луѓето кои ги сафаќа е се пониска. 

Симптомите на реума и гихт се особено непријатни, болката неподнослива, но сето тоа можете да го решите со помош на децении-стар лек. Рецептот е запишан во книгата на Др.Попов, уште далечната 1967-ма година, насловена „Лековити билки во народната медицина“. Се што ви треба се 50 грама исушени пупки од црна топола. 

Подготовка:
Сомелете ги пупките додека не бидат претворени во прав. Најдобро би било за таа цел да искористите мелница за кафе. Помешајте ги со 100 грама несолен, свеж путер. Добро измешајте за да се соединат и чувајте на ладно и темно место во затворен сад. 

Примена:
Маста ја нанесувате на местата кои се зафатени од реума или гихт. Пупките од црна топола имаат силно антисептичко, антивирусно, антибактериско, аналгетско и смирувачко дејство. Освен што ќе ги ублажат симптомите, тие го забрзуваат зараснувањето на раните, а во народната медицина се користат и за лекување на хипертензија, главоболка, грип, воспаление на грлото, ларингитис, бронхитис и ред други болести.