Општина Карпош: Рок од 15 дена да се отстрани неегално изградениот верски објект во Злокуќани

Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, од општина Карпош информираат дека во саботата инспекциската служба на Општина Карпош излегла на терен.

-Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, велат од локалната самоуправа на Карпош.