Општина Центар со јавен повик за ангажирање лични асистенти во проектот “Образование за сите”

Општина Центар го распиша Јавниот повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата во второто полугодие, од учебната 2023/2024 година.

Во огласот општината ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполуваат условите како што се: минимум завршено средно образование; претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби; долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; самохрани родители; родители на деца со попреченост.

Повторниот Јавен повик што се распишува од страна на општината е од причина што се имаат пријавено дополнителен број на ученици со посебни образовни потреби, кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата во второто полугодие, од учебната 2023/2024 година.

Предност ќе имаат кандидатите што: имаат завршено високо образование: дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог или дипломиран социјален работник; имаат искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти, поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост издадена од овластена институција.