Општина Бутел додели 54 стипендии на најуспешните ученици

Општина Бутел ја продолжи традицијата која почна минатата година и додели парични ваучери на најдобрите ученици од општинските основни училишта.

-Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари на најдобрите ученици, информира градоначалникот Дарко Костовски.

На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари.

На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 6.000 денари.