Градоначалникот Дарко Костовски ги додели решенијата за новоизбрани директори на општинските основни училишта „Ацо Шопов“, „Св. Климент Охридски“, „Петар Здравковски – Пенко“ и „Панајот Гиновски“.
- Од новата учебна година за прв пат обезбедуваме униформи за сите ученици, а за првачињата и оваа година ќе добијат училишен прибор, информира Костовски.
Костовски најави дека инвестициите во образованието ќе продолжат, кои во изминатиот период достигнаа над 25.000.000 денари.