Опожарил врата од продавница и пред полицијата го признал делото - Уапсен маж од демирхисарско

Полицијата уапси 36-годишен маж кој се сомничи дека запалил врата од продавница во село суводол. 

- На 30.01.2024, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с.Суводол, демирхисарско. Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од с.Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во село Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф., соопшти полицијата. 

Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.