Две лица од Битола предизвикале општа опасност

Вчера, од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола,приведени беа две лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од Кривичниот законик.

Имено, полицијата постапувала по пријава од страна на битолски жител, кој информирал дека од 22.00 часот на 14.08.2022 па се до 07.15 часот на 15.08.2022 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила, „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот, била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.