Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит. Согласно тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/литар.

Новата цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,134 ден/кг.