Од денеска долговите кон „Водовод и канализации“ може да се плаќаат без камата

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 23.08.2021 заклучно до 01.10.2021.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот,без пресметка на камата за задоцнето плаќање“, апелираат од претпријатието.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

„Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на  договорите“, се вели во соопштението на претпријатието.