Обвинителството и официјално со повик до онколошките пациенти, нивните искуства се неопходни за да  помогнат во истрагата

Обвинителството и официјално ги известиле онколошките пациенти, тројца нивни претставници да имаат увид во целата постапка за скандалот на Онкологија. Ги чекаат имињата за веднаш да им овозможат увид во досегашниот тек на прибирање и анализирање на доказите.

Во самото известување е наведено дека се остава предлагачите сами да го одредат начинот на пријавување и избор на пациентите, со цел да се обезбеди непристрасност на изборот, велат од ЈОРМ.

Поголем број граѓани и денес како и вчера телефонски разговараат со обвинителите, сакајќи со своите приказни и патешествија да помогнат во истрагата. А додека надлежните чешлаат болнички истории и и ги проверуваат наводите за препродажба на скапата терапија на грбот на болните, пациенти на социјалните мрежи реагираат дека повторно има недостиг на одредена терапија за рак. Истото го велат и од ВМРО-ДПМНЕ, чија Комисија за здравство апелира до граѓани да им доставуваат поплаки за проблемите што ги имаат на Онкологија.

Пациентите и нивните семејства се жалат дека ниту во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои имаат потреба од истата.

Ги охрабруваме сите кои се соочиле со проблем да продолжат да ги доставуваат до Комисијата на следниот маил: komisijazazdravstvo@gmail.com

Истите ќе бидат разгледани во доверлива постапка, иако од Собранието нема одговор зошто се уште не е формирана анкетната комисија.