Обложувалници, коцкарници и продавници за пари на секој чекор

Активистката Ана Глигорова во една објава на својот фејсбук профил нотира пад на вредностите во нашето македонско општество. Има и појаснување зошто е тоа така. 

Нејзината ибјава ви ја пренесуваме во целост, а на вас останува да процените дали се согласувате со напишаното или не!

-Топло ви препoрачувам да се прошетате, по можност пешки или со точак низ Скопје, ако имате време и низ сите градови во Македонија. Има ли оваа држава инфраструктура, стопанство, колкави се цените во продавниците на основните прехрамбени производи. Како во некоја книга на Стивен Кинг ќе видите обложувалници, коцкарници и продавници на пари на секој чекор. Банкнотите циркулираат во промет низ еден строго лихварски простор. Децата земаат пари од родителите и се коцкаат во обложувалници, родителите кои се кредито неспособни влегуваат во продавниците за пари (лихварниците) да земат заем од некои типови кои немаат никакво покритие(или лажно) за тие пари. Најдобрите македонски спортисти ги рекламираат продавниците за кеш како да се здрава храна и немаат никаква грижа на совест за тоа како делуваат на младите кои се угледуваат на нив. Страшно паѓање на човечките вредности настапува кога лихварот, зеленашот е главен на некоја наколчена територија која се нарекува држава. Бидејќи единствената стопанска гранка е лихварењето и зеленаштвото, настапува морален мрак кој долго ќе трае. Другари, се борам, но не можам сама, пишува Глигорова.