Облачно време со слаб дожд - Каква е временската викенд прогноза?

Денеска ќе имаме умерено до значително облачно време со слаб локален дожд, а од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во следните денови, според прогнозата на УХРМ, времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува засилен јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст.

Нестабилно време со повремено пороен дожд проследен со грмежи ќе има на почетокот на следната работна недела.