Новите столпчиња во Лептокарија издржаа само еден ден

Општина Карпош вчера постави столпчиња на паркингот во Лептокарија за да се овозможи простор за минување на пешаците, но утрово едно од нив било оштетено.

-Сопственикот на возилото е пријавен во Пајак службата на Град Скопје, информираат од општината.

Општина Карпош апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно и да не ја уништуваат урбаната опрема.