Новинарот Димовски за Светскиот ден за борба против дијабетесот: Не си играјте со шеќерот!

Новинарот Саше Димовски кој се бори со дијабетесот испрати порака до сите за Светскиот ден за борба против дијабетесот.

-Денеска е светски ден за борба против дијабетот! Почестете се со најблагото благо што може да го најдете и после размислете сериозно за лошиот ефект од шеќерот! Дијабетот како болест која не боли, ги уништува очите, срцето, бубрезите, периферните крвни садови ...! Затоа, не си играјте со шеќерот! - апелираше Димовски на Фејсбук.