Низ Скопје се вози брзо и со нерегистрирани возила: Изречени 227 казни за еден ден

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

- На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.