„Ниту една цигла не е поставена без документ откако сум градоначалник“, вели Костовски

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски гостуваше во „МРТВ“ каде што зборуваше за актуелни теми, за брзото менување на општина Бутел и идните планови.

Костовски притоа посочи дека нема толеранција за дивоградбите и узурпација на дравното земјиште.

- Нулта толеранција за дивоградби и узурпација на државно земјиште. Законот мора да важи подеднакво за сите. За време на мојот претходник во општина Бутел имало целосен урбанистички хаос, целосно безредие и непочитување на законот за градење. Од како јас ја администрирам општина Бутел одговорно тврдам дека ниту една цигла не е поставена без документ, доколу некој се одлучи да го заобиколи законот реагираме веднаш согласно позитивните законски прописи. Во тек се неколку постапки за отстранување на неколку диви објекти и узурпации. Општина Бутел се менува со забрзано темпо, следи најголемата офанзива за ова градежно лето, вели Костовски.