Градоначалникот Стојкоски им подели хуманитарни пакети на пензионерите од Ѓорче Петров

Утринава во Општина Ѓорче Петров ги пречекав пензионерите од пензионерското друштво во Ѓорче Петров, со кои е секогаш убаво да се поразговара и да се помине време, бидејќи мудроста и знаењето е токму кај нив, а енергијата кај нас помладите, кои преку нивните искуства можеме да правиме промени за подобро утре за сите нас напиша Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој посочи дека заедно со општествена одговорна компанија обезбедиле пакети ќе им бидат од помош на пензионерите кои имаат пониски примања и се соочуваат со проблем во овие празнични денови.