Николовски со порака до Јотова: Во Албанија нема Бугари, таму ќе најдеш само Македонци!

- Бугари во Албанија нема, има само македонци од кои ненародната власт се откажува! Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината!, напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.