Не се глупи децата туку вашите надлежни за образование, им порача Чучкова на наставниците и се закани со тужба

Дел од учениците и натаму без учебници. За овој проблем кој не е од вчера, се јави психологот Ана Чучкова која како родител го сподели своето искуство, но и се закани со тужба.

- Немаат електронска табла не гледаат слики, немаат книги. Ако му се цртало пирамиди на наставникот на табла арно. Немале боја за принтерот, немаме печатени листови. Немаме ниеден контакт од ниеден наставник ниту од класниот, се пожали таа. 

- Бидејќи од прво до сега или немавме книги или беше корона или паѓаше системот, или мораше на таблет да се пишува домашно, децата останаа неподготвени за шесто. Родителите во нервози секој ден од плачот на децата зошто ништо не разбираат. Наставниците лути на децата зошто не разбрале. Со кое право? Не се глупи децата туку вашите надлежни за образование, им порача Чучкова во објава на својот фејсбук профил.

Таа и јавно им се обрати на надлежните:

- Бидејќи сеуште немаме никаков контакт со вас, еве вака јавно да ви порачам: ако уште еднаш си го видам детето расплачено поради ваши недоследности и нејаснотии ќе си добиете тужба за дискриминација и загрозување на правата на децата за достоинствено образование, вели таа.