Не гори само Универзална, гори еден симбол на Македонија!

Скопјани во шок! Утрово голем пожар ја зафати Универзална сала во центарот на градот. 

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од пожарот, а граѓаните се сомневаат дека пожарот е подметнат. 

Универзална е култен симбол на Скопје, но и земјава! 

- Не гори само Универзална, гори еден симбол на Македонија, гори местото каде што се оддржувале Златно славејче, Скопски фестивал, Златна Бубамара, гори симболот на солидарноста по скопскиот земјотрес изграден со помош на донации од 35 земји…- напиша познатиопт инфлуенсер Божидар Божиновски на својот фејсбук профил.