Наставник нападнал ученик во училиште во Сарај

Наставник од училиште во селото Радуша физички нападнал ученик. Класниот раководител телефонски ги известил родителите за настанот. 

Родителите одлучиле случајот да го пријават во полиција.

На 09.03.2022 во 21.00 часот во Полициска одделение Сарај А.Ќ.(32) од с.Радуша, скопско, пријавила дека околу 14.00 часот била телефонски известена од класната наставничка на нејзиниот малолетен син дека додека бил на час во основно училиште во с.Радуша, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од наставникот С.С.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.