Насилство во скопско: Син се заканил на татко му со остар предмет, па го претепал

Денеска е пријавено семејно насилство во скопско село.

- Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С. од скопско село, затоа што физички го нападнал својот татко и му се заканувал со остар предмет, држејќи го во соба, соопшти МВР.

Лицето било задржано полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.