Направиле повеќе менувачници на диво, разменувале и купувале странски валути

На 13.01.2024, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал извршиле претреси во три деловни простории во Скопје, при што живи ги фатиле пријавените како купуваат странски пари односно работеле како менувачници без да имаат регистрирано правно лице во Централен регистар и без овластување издадена од Народна Банка на РСМ.

При претресите биле пронајдени машина за броење на пари,поголема сума на пари во различни апоени и валути и други предмети.

Од  МВР соопштуваат дека се поднесени кривични пријави против И.Ф.(61),И.Ш.(55) и М.Х.(39), сите тројца од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови" по член 55 од Законот за девизно работење.