Вчера до СВР Скопје стигнала пријава дека е нападнат возач на ЈСП, додека извршувал работни задачи и кој бил удиран со тврд предмет.
„На 21.03.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(32) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.40 часот во с.Бојане, скопско, во автобус на ЈСП, каде извршувал работни задачи како возач, бил физички бил нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.