Најава за нови протести и штрајкови од Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ

Нови протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Бараат да им да исплатат дополнителните 30 отсто на платата што ја укнина Уставниот суд.

- “Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето на изборите, доколку не го потпише ќе продолжиме после изборите со протести и штрајкови и нема да функционира Министерството за финансии. Нема да се работат експропријациите за Бехтел и Енка и нема да се исплаќаат плати за цела јавна и државна администрација“, рече Даниел Михајловски, претседател на Синдикална организација на Министерството за финансии при УПОЗ.

 Бојан Трипуноски, генерален секретар на синдикатот на УПОЗ, потсети дека бараат решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените во Министерството за финансии, Управата за имотно правни работи и Бирото за јавни набавки.

- “Апелираме до министерот, да не направи раздор и уште поголемо незадоволство помеѓу вработените, бидејќи нашите информации говорат дека намерата на одредени раководни лица во министерството е да направат огромна дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат 30 отсто надополнување на плата, одреден дел 15 отсто надополнување на плата, а голем дел од вработените воопшто нема да добијат ништо, иако за тоа се обезбедени средства во буџетот на институцијата“ кажа Трипуноски

Тие упатија апел до министерот да ги заштити вработените и на тој начин да спречи заминување на квалитетни кадри од министерство за финансии.