На Лефкада се трага по 25-годишен турист во морето

По немилиот настан во Грција, откако три момчиња од Македонија исчезнаа на Халкидики, по што две беа пронајдени, денеска доаѓа нова лоша вест.

На социјалните мрежи се појави статус дека исчезна момче на плажата Милос на Лефкада, а засега не е познат неговиот идентитет.

-Во водата исчезна момче на 25-годишна возраст. Брановите не беа големи, но тоа исчезна. Како да го проголта морето. Во акција беа полицијата и нуркачката служба, но не го пронајдоа, пишува на статусот на групата „Грчка инфо“.