Видео: Запалени автомобили на еден Македонец и двајца Срби во Грција

Марко Тодорчевиќ од Белград бил на одмор во близина на Лефкада во Грција кога избувнал пожар и го уништил неговиот автомобил.

Пожарот му го уништил возилото, но зафатил и уште два автомобили, и тоа на еден жител на Нови Сад и еден Македонец.

- Тоа што се случи е страшно и сите се сомневаме дека пожарот е подметнат. За жал, нема каде да се обратиме. Нивната полиција ни кажа дека пожарот се случил поради лоша инсталација, но тоа според мене е невозможно. Загрижени сме за нашата безбедност. Ова е навистина страшно, но за среќа сè е во ред со нас, иако треба да ја покриеме штетата, вели Марко за српски „Курир“.

Пожарот избувнал на приватен паркинг во вилата во која биле сместени, а видеото може да се погледне ТУКА.