На гостиварец при претрес на неговото “порше“ му нашле пиштол,нож и куршуми

Вчера во 21.40 часот во близина на с.Камењане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го уапсилеШ.Ф.(28) од Гостивар.

При преглед во возилото „порше“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одзмемени пиштол „Застава“ калибар 7,62мм, рамка со куршуми, нож и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.