МВР со детали: Почина осуденик од Затвор Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н.(54) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна лекар констатирал смрт, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.