МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2022/2023 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната 2022/2023 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули  во тековната календарска година.