МОН: Скратена настава во деновите пред изборите, распустот започнува од 10-ти јуни за средношколците и 17-ти јуни за основците

Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта информираат од МОН. Од таму додаваат дека учениците нема да пропуштат дел од наставниот материјал и нема да изгубат од наставата.

„На 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред. Наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни, велат од МОН.